Лисната пита со мелено месо и рендан компир
Состојки
- 800гр. брашно
- 350-гр. вода (по потреба)
- 100гр. масло
- 1/8 лажичка печиво, сол, шеќер
- 1 парче жив компир
- 300гр. мелено месо, зачини
- 2 лажици доматна салца
- 300гр. маргарин коцка
Подготовка
Од состојките најгоре (брашно, вода, масло, печиво) се меси тесто во кое исто се додаваат на врв на лајче сол и шеќер. Се дели на 2 дела тестото и од секој дел се развива по една голема кора, која се сука со сукалка на набрашнета подлога се премачкува со 1/3 од маргаринот. Над кората се ренда на ситно претходно припремен лупен жив компир 1/2, а другата половина од компирот се чува за втората кора за која постапката на изработка е иста како и оваа наведена.
Потоа се витка во ролат и се сечи на парчиња некаде околу 8-9, секое парче ролат се легнува на набрашнета подлога, па се премачкува со маргарин (најдобро е да е на собна температура), врз него се става второто парче ролат, повторно се мачка маргарин, па така се до крај, а последното парче ролат останува најгоре не намачкано.
Се остава настрана вака подготвени корите од ролат па се повторува постапката со втората кора.
Во плех со стандардна големина се премачкува масло, се сука првата кора со сукалака и се става во плехот, врз неа се става смесата од претходно подготвено мелено месо за која ни требаат 1/2 главица пропржен кромид, меленото, зачин оригано, сув зачин и на крај доматната салца, заедно да се пропржат. Најгоре следува втората ролат кора, се попрскува со истопен маргарин цела, па се печи на 200 да си зарумени.