Испечати

Видео рецепт: Ќофтиња со сос од вино

Видео рецепт: Ќофтиња со сос од вино

Денес ќе готвиме од наградените рецепти на натпреварот Гурмет 8 во 1 пекач. Ќе го подготвиме рецептот на Алексовска, Ќофтиња со сос од вино

Ќофтиња од мелено месо и кромид, во сос од вино и слатка павлака. Одличен предлог за подготовка на вашите омилени ќофтиња во нова вкусна комбинација.

  • Вид на оброк: Ручек
  • Комплексност: Лесно
  • Број на лица: 6 лица
  • Време на подготовка: 30 -60 минути

Состојки

  • 800 грама мешано мелено месо
  • 1 голема главица кромид
  • 60 грама путер
  • 250 мл. црвено вино
  • 150 мл. слатка павлака
  • 1 китка магдонос
  • Сол и црн бибер
  • Брашно за валкање

За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Гурмет 8 во 1 пекач.

Подготовка

Чекор 1: Кромидот исечкајте го ситно и ставете го да се испржи на функцијата (Saute`) потпржување. Додајте го пржениот кромид во меленото месо, зачинете по вкус и со намастена рака формирајте мали топчиња, па убаво извалкајте ги во брашно.

Чекор 2: Вклучете го Гурмет пекачот на функцијата (Saute`) потпржување и ставете ги ќофтињата да се пржат врз растопениот путер. Ако прскаат маснотии додека се печат покријте ги со капакот.

Чекор 3: Кога ќе бидат готови, извадете ги во чинија. Во путерот во кој се пржеа додајте го виното да се загрее, па потоа и слатката павлака. Оставете малку да вари, па зачинете со сол и бибер, додајте го сечканиот магдонос и исклучете го пекачот.

Чекор 4: Ќофтињата ги сервираме со пире, а потоа ги преливаме со сосот од вино.

СОВЕТ: Ние за подготовка на овој сос одбравме црвено слатко вино, затоа што месото лесно се комбинира со благи сосови. Оние кои се согласувате со нас, може да додадете и една лажичка шеќер, за уште посладок сос!