Лут бурек
Состојки
- 500 гр. кори
- 2 јајца
- 250 гр. урда или сирење
- 1 праз
- 250 мл. кисела вода
- 150 мл. зејтин
- 1 сува лута пиперка
- 1 црвена пиперка
Подготовка
Мерките може слободно да ги менувате, јас готвам од око. Постапката е наједноставна, веќе многупати пишувана, сега само комбинацијата со лута пиперка, затоа што е многу здрава, но и многу вкусна.
1. Најпрво подгответе го филот, а празот може сосема малку да го запржите
2. Првите кори оставете ги да висат надвор од подмачканата тава
3. На секоја ставете од помешаните зејтин и кисела вода
4. На секоја трета ставете од филот
5. Измеѓу и најодозгора изгужвајте ги корите
6. Полијте најодозгора доволно од мешавината зејтин и кисела вода
7. Печете на 200 степени околу половина час, покријте со фолија ако сакате да ја задржи убавата златна боја
8. Доколку сакате да изгледа како бурек, превртете ја тавата
Истиот бурек може без праз или пак со нешто по ваша желба, но со лута сува пиперка...
Добар апетит !