Пикантно слатко од црвени благи и лути пиперки
Состојки
- 1250 гр. квалитетна ајварска пиперка
- 250 гр. лути феферонки
- 500 гр. шеќер
- 1 лимон
- 1 ванила
- 1/2 лажичка цимет
Подготовка
Нешто што не е од нашето поднебје, барем јас така знам, ЛилиН напиша одличен рецепт за мармалад од лути пиперки, а еве ме мене со другарот на марамаладот, слаткото, чудно е, но вкусно е...
Постапка
1. Исчистете ги пиперките од семките и жиличките, исецкајте ги или на коцки или на ленти по ваш избор, ставете во тенџерето во кое ке го варите, па овде додајте го шеќерот, циметот, ванила, лимоновиот сок и изренданата кора од истиот. Оставете преку ноќ нека престои.
2. Наредниот ден ставете на тивок оган да проврие и нека се вари околу 10 минути на тивко, а потоа вклучете ја ринглата на повисок степен и варете го вообичаено како секое слатко, но мора да сте до него присутни и стално да го пробркувате. Кога е готов сирупот - шербетот, тргнете го, соберете го топло во теглички, затворете со капачката, завиткајте ги и нека се оладат.
Напомена
- Кој сака може да му додаде и крупно мелен црвен и бел бибиер, ловоров лист или рузмарин, одлично и така.
- ако го сакате како мармалад - ништо тешко, кога ќе олади, со стапниот миксер измиксајте го и соберете.
- Одличен прилог за со сендвичи, скара, најчесто послужувано со сирење, посипано со пармезан, сенф, се служи со сирење... и така... па уживајте,
- Навистина е необично - ама солидно вкусно...