Испечати

Видео рецепт: Бомбај компири

Видео рецепт: Бомбај компири

Бомбај компирите се многу популарен гарнир во индиските ресторани насекаде низ светот. Полу-сварени компири, потоа пропржени во врело масло и зачини кои ви нудат варијации од богати вкусови и мириси.

Состојки

  • 4 супени лажици масло
  • 1 мала лажичка семки од коријандер
  • 1 мала лажичка чили во прав
  • 1 мала лажичка куркума во прав
  • 4 големи компири

Ќе ви треба и:

  • Сол и бибер

За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Касерола и Вок Тава.

Подготовка

Чекор 1: Излупете ги компирите. За подготовка на овој рецепт можете да ги употребите речиси сите видови на компир. Потоа исечкајте ги на средни парчиња и ставете ги да се варат во зовриена солена вода.

Чекор 2: Варете ги најмногу 10 минути додека да омекнат, но внимавајте да не ги преварите бидејќи е важно да ја задржат формата кога ќе ги пржиме подоцна.

Чекор 3: Во загреаната Вок тава додаваме една лажица масло и неколку зрнца коријандер. Кога ќе почнат да пукаат зрнцата, маслото е доволно загреано за да го пржите компирот. Исто така, додадете го и остатокот од семките (доколку сакате коријандерот, можете да го замените со семки од синап). Додадете ги чилито и куркумата за маслото да добие боја, како и солта и биберот. Ставете ги компирите и пржете ги 1 до 2 минути додека да станат малку крцкави. Додека ги пржите компирите убаво мешајте ги за подеднакво да се распределат вкусовите.

Чекор 4: Подготвените компири послужете ги во длабока чинија како гарнир. Ние ќе додадеме и исечкан власец и малку јогурт.

СОВЕТ: Компирите можете да ги варите и подолг период, но тие ќе се распаднат и ќе ја изгубат формата. Можеби вкусот ќе биде побогат, но изгледот на јадењето нема да биде привлечен. Обидете се да ја затворите Вок тавата со капак и да ја тргнете од рингла оставајќи го компирот да се довари со помош на пареата.