Полнети ајварки со зачин мајчина душичка, нане и ловор
Состојки
- 6-8 црвени пиперки
- 500гр. мелено месо (мешано)
- 1 главица кромид
- 2 чешниња лук
- 1 мало филџанче ориз (1 полна рака)
- 3 големи патлиџани + 1 помал (за затварање)
- 2 моркова
- по вкус сол и бибер
- плус зачини мајчина душичка, суво нане, морко оревче, ловоров лист
- 1 лажица црвен пипер
- 250-300мл. вода
- 1 лажичка брашно
Подготовка
Лето или зима, еден од омилените рецепти на сите дома. Најчесто ги подготвувам на овој начин, се надевам ќе ви се допадне.
1. Во тава на оган ставете го ситно сецканиот кромид да се пржи. Кога ќе омекне додадете го протиснатото лукче (1 чешне). Потоа доадете го меленото месо и оставете убаво да испржи, да добие кафена боја. Зачинете со сол и бибер, па по вкус доадете и други зачини. Јас додадов мајчина душичка, суво нане и малку морско оревче. Кога месото ќе се испржи доадете го и оризот и црвениот пипер, промешајте на кратко и тргнете од оган.
2. На пиперките отстранете им ги рачките и семките, на неколку места прободете ги со вилушка, наполнете ги скоро до горе и затворете ги со патлиџан.
3. Останатите 3 патлиџани, излупете ги и ситно исецкајте ги. Во тавата во која се пржеше месото додадете малку зејтин и ставете го лукчето да се пропржи сосем кратко, па додадете ги патлиџаните (тавата не се мие претходно, патлиџанот ќе ги собере вкусовите од месото). Оставете малку да прокрчка па додадете ги ренданите моркови и доколку ви остана од смесата за полнење. Зачинете по вкус со сол и бибер и доадете го ловоровиот лист. Во зависнот колку течност пуштиле патлиџаните додадете 250-300мл. вода во која сте раствориле 1 лажичка брашно. Нека проврие кратко па тргнете од оган.
4. Во пекачот ставете го прво сосот, распоредете ги пиперките, па затворете со капак/алу фолија. Ставете да се пече во претходно загреана рерна, па намалете на 180С. Времето на печење е 50-60 мин, 15тина мин. пред крај печете без капак. Нека се излади малку па послужете.
Добар апетит =)