Полнети питулици на мој начин
Состојки
- Тесто
- 350гр. брашно
- 1/4 коцка квасец
- 1 јајце
- 1 лажичка сол
- 3 лажици масло
- 3 лажички сусам
- прстофат шеќер
- по потреба(околу 160мл) млака вода
- Полнење
- 250гр. сирење
- 200гр. свежи шампињони
Подготовка
Од состојките за тесто замесете многу меко лепливо тесто.
Замесеното тесто покријте го и оставете го да стаса (1 час).
Во тава со многу малку масло ставете ги исецканите печурки да се пропржат, а потоа измешајте ги со сирењето.
Откако тестото ќе стаса со намрснети раце формирајте парен број еднакви топчиња и редете ги на намрсната чинија.
На работна површина премачкана со масло со раце расплескајте едно топче, ставете врз него од филот и поклопете со друго топче развлечено со намрснети раце.
Повторете ја постапката со сите топчиња.
Пржете ги една по една во загреана нелеплива тава со масло (од прилика по 3 лажици за секоја питулица).
Испржените питулици вадете ги на кујнска хартија да се впие вишокот на мрснотија.
Послужете ги топли со јогурт.