Испечати

Тркалани ќофтиња

Тркалани ќофтиња

Состојки

  • 1/2 кг мелено месо
  • 1 тиквичка
  • 2 пиперки
  • 1 киска магдонос
  • 2 моркови
  • 400 мл доматен сос
  • 1 пак. крем супа
  • 100 гр ориз
  • 1 лажица мешан сув зачин
  • 1 лажиче лук во прав или 6 чешниња
  • 1 лажица црвен пипер
  • 1 коцка за супа
  • 3 полни лажици брашно
  • 1 јајце
  • 1 главица кромид
  • сол и црн бибер

Подготовка

Кромидот, лукот, магдоносот и пиперките ситно исекајте ги. Морковите и тиквичката исечете ги на коцкички. Оризот обарете го и оставете го да вари 5 мин., а потоа тргнете го од оган и ставете го во подлабк сад во кој ќе го додадете меленото месо, мешан сув зачин, јајцето, половина од магдоносот и лукот, сол и црн бибер и убаво измесете.

Во посебен сад измешајте го брашното со прашокот за крем супа. Посолете и побиберете. Во оваа мешавина тркалајте ги оформените ќофтиња убаво да се облепат одозгора
.
Во тенџере на оган ставете вода и коцките за супа да се сварат.
Во друго тенџере со масло ставете го кромидот, останатата половина од лукот, кромидот, пиперките, морковите и тиквичката да се пржат. Кога ќе омекнат додадете ја црвената пипер, останатиот магдонос, вегета, сол, црн бибер и налејте го доматниот сос. На крај додадете ја и сварената супа од коцка.
Кога ќе проврие ставете ги тркаланите ќофтиња и варете 30 мин.