Унгарски лечо
Состојки
- 1кг. црвени пиперки
- 500гр. домати
- 2 главици кромид
- 1 лажица мелен црвен пипер
- 2 ловоров лист
- 2 лажици пире од домати
- 70гр. ориз
- 2 јајца
- 1/2 лажиче бела винска киселина
- прстофат шеќер
- сол, бибер
- 1 чешне лук
Подготовка
Лечо во Унгарија го служат како главен оброк. Јас првпат го пробав како прилог кон скара, може и така да се служи. Едноставен е за подготовка, многу вкусен и по желба може да додавате т.е да одземете некои состојки.
Подготовка
Пиперките измијте ги и исечете им го горниот дел кај рачките, исчистете го семето. Исечете ги на осминки по должина. Доматите излупете ги и исечкајте ги на покрупно.
Кромидот исечкајте го ситно и ставете го во една поголема и длабока тава на малку зејтин да се пржи. Кога ќе омекне, додадете го црвениот пипер малку да се пропржи па ставете ги пиперките да се пропржат.
Доволни се 5 минути за малку да омекнат, па потоа додадете ги и доматите. Посолете и побиберете, додадете ги и останатите зачини (шеќер, ловоров лист, киселината).
Откако доматот ќе пушти сок ставете го доматното пире и оризот и оставете на тивко да се динста. Промешувајте од време на време и проверете дали има доволно течност. По потреба додадете малку вода.
Кога оризот ќе се свари, ставете го истиснатото чешне лук и изматените јајца. Готово е кога јајцата ќе бидат испржени.
Доколку сакате може оризот да го изоставите...наместо тоа да додадете сланина или сечкани домашни колбаси.