Полнети земички со праз
Состојки
- 500 грама бело брашно + сол
- 1 пакетче сув квасец
- 250 милилитри топла вода
- 50 милилитри зејтин
- 2 страка праз
Подготовка
Прво, направете го тестото. Брашното просејте го, направете една дупка и во него ставете ги претходно растворените квасец и топла вода. Ставете го и зејтинот и месете за да формирате мазно тесто. Тестото намачкајте го со зејтин и ставете го на топло да отстои 1 час.
За тоа време, направете го филот.
Празот ситно исечкајте го, посолете и побиберете. Јас ставив и малку црвен пипер, а вие како сакате. Оставете да се олади филот. По еден час, тестото пак премесете го и поделете го на 7 парчиња. Можете и на помалку, ако сакате. Секое топче развлечете го на дланката, наполнетеја внатрешноста со фил и затворете го топчето. Наредете ги во претходно намрсено тавче за печење. Откако тоа ќе го направите со сите топчиња, оставете ги уште половина час да нараснат.
Потоа, намачкајте ги со разматена белка, од горе наросете со сусам и на секое топпче ставете по една мала коцка маргарин. Ставете да се пече во рерна загреана на 250 Целзисусови степени, а кога ќе го ставите тавчето, наамалете на 200. Печете додека да поруменат. Испечените земички покријте ги со крпа и оставете да се подоладат малку.