Ризото со горгонзола и круши
Состојки
- 1 чаша(од 250 мл) ориз
- 100 гр горгонзола
- 200 гр излупени, ситно исецкани зрели круши
- 5 лажици пармезан
- 1/4 мала главица кромид
- 1 лажица путер
- 5-6 лажици масло
- 1 лажиче мешан сув зачин
- 3-4 чаши вода
- 100 мл бело вино
- по потреба сол и бибер
- За посипување
- 1 рака истолчени ореви
Подготовка
Кромидот исецкајте го и заедно со оризот пропржете ги во маслото и путерот. Додајте го виното и оставете го да испари. Додајте ја водата, зачинот и малку бибер. Оставете го да вари додека течноста испари и оризот се свари, но не премногу да се исуши.
На крај кога оризот е готов додајте ја горгонзолата исечена на коцки, крушите и пармезанот. Мешајте додека се стопи сирењето. Ако е потребно додајте и малку сол. Потоа веднаш послужете го посипано со малку толчени ореви.