Испечати

Бисквит за торта - основен рецепт

Бисквит за торта - основен рецепт

Состојки

  • 3 јајца
  • 100 гр. шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 80гр. брашно
  • 1 рамно лажиче прашок за пециво
  • 25 гр. густин

Подготовка

Бисквитот за торти подготвен според овој рецепт е исклучиво мек и воздушест, погоден за филови на база на пудинг или слатка павлака, искомбинирајте со овошје или мармалад....од него може да подготвите и ролати, ваше е само да си го изберете филот по ваша желба.
Подготовка
1. Намастете го тавчето со пречник од 26см и обложете го со хартија за печење. Рерната уклучете ја на 180° да се загрева.
2. Јајцата ставете ги во длабок сад и матете ги со миксер 1 минута со најголема брзина. Додадете го шеќерот и ванилиниот шеќер и матете наредни 3 минути.
3. Брашното помешајте го со пецивото и густинот (евентуално и какао) и додадете го во смесата од јајца и кратко изматете со најниска брзина. Излијте ја смесата во тавчето и ставете да се пече околу 25 минути.
4. Откако ќе се испече, извадете го бисквитот од тавчето и оставете го врз хартија за печење малку да се олади, па потоа извадете ја хартијата со која се печеше.
Пресечете го бисквитот на половина и филувајте по желба. Доколку сакате да направите темен бисквит, додадете 1 лажица какао.