Пита со сливи
Состојки
- 500гр брашно
- 100гр шеќер
- 1свеж квасец
- 250мл млеко
- 120гр маргарин
- 1 јајце
- 2 ванили
- 1,2кг свежи сливи
- тесто за одозгора
- 300гр брашно
- 150гр шеќер во прав
- 200гр маргарин
- 1кесичка ванилин шеќер
Подготовка
Се замесува тесто со стасаниот квасец и останатите состојки и се остава 30 минути да стаса, да се одмори.Од како ќе се одмори се зема плех или округла тава и се премачкува со маргарин. Тестото се расплескува по плехот и краевите се завиткуваат како и кај секоја пита. Тестото се боцка со вилушка на неколку места.
Сливите се чистат од семенките и се отвараат на пола или се сечат на 4 ако се поголеми. Се редат врз тестото и питата се остава да стаса 20 минути.
Додека питата стасува се замесува тесто од брашното, шеќерот и маргаринот. Тестото е суво и се трие низ раце.
Од како ќе подстаса питата замесеното тесто се трие низ раце и се наросува целата пита. Стасува усте 10 минути, а потоа се пече 40 минути на 180 степени.