Испечати

Ќофтиња од овесни снегулки и компир

Ќофтиња од овесни снегулки и компир

Состојки

  • 120 гр овесни снегулки
  • 250 гр компири
  • 3 мали јајца
  • 100 гр пршута
  • 100 гр рендан кашкавал
  • 200 мл вода
  • 60 гр путер
  • по потреба бибер
  • прстофат сол

Подготовка

Компирите ставете ги да се сварат. Оладете ги, излупете ги и испасирајте ги.
Пршутата ситно исецкајте ја, а јајцата со вилушка малку разматете ги.
Водата со путерот ставете ја да се загрее и со постојано мешање додајте ги овесните снегулки и јајцата. Мешајте на огнот додека смесата не се згусти и да почне да се оделува од ѕидовите на тенџерето. На почеток изгледа течно, но постепено ќе се згусти.
Тргнете го на страна и додајте ги компирите, пршутата, малку сол и бибер. Измешајте да се изедначи и смесата ставете ја во фрижидер околу 45минути.
Рерната загрејте ја на 200 степени.
Со раце правите ќофтиња и редете ги во плех обложен со хартија.
На секое ќофте ставите по малку од ренданиот кашкавал и печете ги 10-15 мин.
Послужете ги топли со салата.