Пиварки
Состојки
- Шербет
- 800 мл вода
- 1 кг шеќер
- Тесто
- 250 мл пиво
- 500 мл зејтин
- 1 кг брашно
- 1 кесичка прашок за пециво
- 6 супени лажици гриз (може и 4 лаж. гриз и 2 лаж. лебни трошки)
Подготовка
Најпрво се вари шербетот, се мешаат водата и шеќерот и да вријат отприлика 5 минути, па шербетот се остава да олади.
Во сад се ставаат сите останати состојки (зејтин, пиво, гриз, пециво и брашно) и се меси тесто. Од тестото се обликуваат топчиња со големина по желба и исто така по желба во средината се става или оревче, или смоква(од слатко) или нешто друго или па ништо ... секој со својата желба.
Колаченцата се редат во тавче подмачкано со масло и се печат околу 15-20 минути на 220 степени, дури почнат да заруменуваат малку.
Се вадат и веднаш во тавчето се истура веќе оладениот шербет, се остава да се оладат и добро да го примаат шербетот (може и малку да се завртат наопаку за да се впие шербетот и на горниот дел од колаченцето) и послеее ДОБАР АПТЕТИТ !!!
Уште поубави и полични се ако на крај се истркалаат во мелени ореви или мелени ореви мешани со мелени бисквити ... тогаш гарантирано, уште побрзо ќе се изедат...