Ајварфини
Состојки
- 2 јајца
- 1 полна чаша (200мл.) брашно
- 1/2 чаша зејтин
- 1/2 чаша кисело млеко (или јогурт)
- 1/2 пакетче пециво
- по вкус сол
- 150-200гр. сирење
- 3 полни лажици ајвар
Подготовка
Именцево дојде спонтано, малку да отскокне од стандардните мафини =))) ... во превод би му дошло мафини со ајвар. Се во едно и плус чашка јогурт и појадокот е спремен.
1. Во подлабок сад со вилушка изматете ги јајцата со малку сол. Потоа додадете ги зејтинот и киселото млеко (поубави се со кисело млеко, но може и јогурт да се користи). Во брашното измешајте го пецивото, па додадете го во садот и убаво со лажица измешајте за да добиете мазна смеса без грутчиња. Потоа додадете го ајварот и сирењето, досолете ако има потреба и промешајте се убаво да се соедини.
2. Калапот за мафини намрсете го или ставајте директно во хартиени корпици. Наполнете го калапот скоро до горе, наросете со сусам, ким, мак или оставете ги така, па ставете да се печат во загреана рерна на 220С. По 10 мин. намалете на 180С и продолжете со печење. Кога се готови се одлепуваат сами од калапот или проверете си со чепкалка.
Од оваа доза ми излегоа 12 мафини со тоа што калапчињата беа полни скоро до горе.
Добар апетит =)