Испечати

Гурманско лепче

Гурманско лепче

Состојки

  • 1 векна(250гр) леб(или багет)
  • тенки кругови мортадела
  • парчиња кашкавал
  • парчиња пекорино(помала количина во однос на обичниот кравји кашкавал)
  • 1/2 помала тиквичка
  • 1 помал домат
  • прстофат оригано(или по желба повеќе)
  • За премачкување
  • омекнат путер
  • 2 помали чешниња лук

Подготовка

Ако имате преостанато леб од претходниот ден ви препорачувам да го искористите на овој начин.
Точни количини на мортадела, кашкавал, пекорино и путерот не прецизирав, од причина што се е до вкус по желба ставете ваши количини.

Најпрвин векната леб исечете ја длабоко првин во должина, а потоа и хоризонтално на повеке места.
Чешнињата лук истолчете ги и измешајте ги со омекнатиот путер, а потоа со него премачкајте ја секоја вдлабнатина на лебот, а исто така и однадвор.
Мортаделата, кашкавалот и пекориното исечете ги на помали тенки парчиња и ставете од нив во сите засечени делови.
Тиквичката исечете ја на тенки кругови и од неа ставете во засечените делови.
Доматот исечете го на мали коцки и ставете го одозгора по целата должина на лебот.
Одозгора исто низ целата должина на лебот нанесете рендан кашкавал и наросете оригано.
Вака спреманата векна леб ставете ја во загреана рерна на 200 степени, 10-12 минути.
Послужете го топло.