Испечати

Пиперки во сенф (зимница)

Пиперки во сенф (зимница)

Состојки

  • 15 парчиња црвени меснати пипеки
  • 125гр. алкохолен оцет
  • 300гр. вода
  • 200гр. квалитетен сенф
  • 120гр. масло
  • 1 лајче шеќер
  • 1 лајче сол
  • 1/2 кесичка црн пипер во зрно
  • 1 лист ловор

Подготовка

Пиперките во сенф се користат како прилог за месо во зимските денови, колбаси и слично. Оваа изнесена количина на состојки се однесува на половина доза и малку ја намалив количината на оцет кај првобитниот рецепт поради голема киселост на солилото па добив резултат по мера.

Пиперките се чистат од семки и шишки, па се режат на подебели резанки. Настрана во сад на оган се спрема солилото со вода, оцет, сол, шеќер, ловор и пипер, секоја тура пиперки се остава по 10-тина минути да повар на тивко, па се вадат со лажица решетка над крпа се цедат. По овај процес следува биење на сенфот со миксер во кој постепено под конец се долева маслото. Во оваа смеса од сенф се ставаат сите пиперки, па се мешаат заедно. Се полнат мали теглички кои добро се затвораат и се чуваат на ладно во фрижидер.