Испечати

Видео рецепт: Салата од свинско месо и јаболка на грил со прелив

Видео рецепт: Салата од свинско месо и јаболка на грил со прелив

Ова е МАШКА салата – свинско филе, печено на грил со прстени од јаболка, послужено со ореви и сладок прелив. Додаваме зелени листови за да можеме јадењето да го наречеме салата, но и без нив спаѓа во таа категорија!

Состојки

  • 1 свинско филе
  • 1 големо зелено јаболко
  • 2 гранчиња зелена салата
  • Една рака ореви

За преливот ќе ви треба:

  • 1 супена лажица сенф
  • 1 супена лажица вински оцет
  • 2 супени лажици маслиново масло
  • Сол и бибер

За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Грил тава.

Подготовка

Чекор 1: Исечeте го јаболкото на тенки дискови и со остар нож отстранете го центарот.

Чекор 2: Зачинете го свинското филе од сите страни и почнете да го печете во Делимано Грил тавата – печете го од сите страни 10-15 минути во зависност од тоа колку печено сакате да биде. Ние го сакаме месото малку розево во средината, но секој треба да го подготви по свој вкус.

Чекор 3: Додадете ги и прстените од јаболко и печете ги заедно со свинското.

Чекор 4: За подготовка на преливот измешајте ги маслиновото масло, оцетот, сенфот, солта и биберот. Додадете и малку вода доколку сакате преливот да биде поредок.

Чекор 5: Време е за подготовка на салатата – користиме мали ливчиња зелена салата како основа и врз нив ги додаваме месото, јаболката и оревите. На крај со лажица го додаваме преливот.

СОВЕТ: Слободно можете да направите и други комбинации на печено овошје и месо во вашите салати – пилешко со праски или кајсии, свинско со сливи или грозје!