Испечати

Мојот домашен кечап

Мојот домашен кечап

Состојки

  • 10кг. зрели црвени домати
  • 20 парчиња суви црвени пиперки од низа
  • 200гр. домашна винска киселина
  • 10 лажици густин
  • 3 лажици оригано
  • 10 ливчиња ловор
  • 3-4 лажици крупна сол
  • 450гр. шеќер
  • 1 кесичка црн пипер во зрно

Подготовка

Секоја година го подготвувам на овај начин и поширока намена има во нашиот дом. Како втора состојка која ви е потребна да ја подготвите ужинката.

Доматите се чистат од шишки и се сечат, па се поминуваат низ машина за кечап т.е.онаа која ги отстранува лушпите и семките. Пиперките се ставаат во вода да се подварат, па се поминуваат и тие низ машина (претходно без дршки нормално).
На оган се ставаат доматите, нека се варат 1 саат да се испари течноста, се додава ,,пирето,, од пиперки. Во сад се измешуваат киселината, еден дел од доматите на оган (околу 2 чаши), нека се излади таа смеса, па се внесува и густинот, убаво да се меша без грутчиња.
На смесата од домати се става сол, шеќер, зачините и на крај густин смесата постепено мешајќи. Од овај момент постојано се меша во садот со кечап се така некои 40-45 мин. додека не достигне густина колку густ јогурт. Се бери жешко во врели тегли, прекриено со крпа така постепено да се лади до наредниот ден.