Испечати

Пица ролат со зеленчук

Пица ролат со зеленчук

Состојки

  • Пире од зеленчук за тестото
  • пола тиквичка
  • 2 моркови
  • неколку цветчиња брокула
  • Тесто
  • 100 гр `ржено брашно
  • околу 300 гр бело брашно
  • 20 гр (пола) квасец
  • 100 мл млеко
  • 50 гр путер
  • пола лажичка шеќер
  • 1 лажичка сол
  • пирето од зеленчук
  • За полнење
  • малку доматно пире или кечап
  • 100-150 гр шунка
  • 100-150 гр кашкавал
  • по желба оригано
  • За премачкување
  • 1 јајце
  • малку сол
  • по желба сусам

Подготовка

Овој рецепт е за оние кои се бунат кога треба да јадат зеленчук. Вака спремен зеленчукот нема ни да го почувствуваат, а плус ќе уживаат и во пица филот кој сите го сакаме.

Подготовка
1. Заленчукот исчистете го, исечкајте го на мали парчиња и ставете го да се вари во малку вода. Потоа испасирајте го со рачен или обичен блендер. Ако има повеќе течност во пирето исцедете ја. Треба да добиете фина каша од 250 мл волумен. Ако користите зеленчук кој веќе го имате, тогаш само испасирајте го.
2. Млекото загрејте го (јас користам микро печка), па ставете ги путерот и квасецот во него. Мешајте да се растопат.
3. Во садот каде ќе го замесите тестото ставете го зеленчуковото пире, млекото со квасец и путер, `рженото брашно и дел од белото брашно. Мешајте со раце или со миксер и додавајте постепено од останатото брашно по потреба да добиете меко тесто. Количеството на брашно што ќе го употребите зависи од брашното и густината на пирето. Садот покријте го со проѕирна фолија па со крпа и оставете го да стаса, отприлика пола час.
4. Стасаното тесто премесете го и поделете го на два дела. Секој дел расукајте го во правоаголник широк колку што е плехот за печење. Премачкајте го со доматното пире или кечапот, изрендајте кашкавал, ставете ја шунката исечена на тенки стапчиња и наросете оригано. Потоа свиткајте ролат и префрлете го на плехот обложен со хартија за печење.
5. Двата ролати засечете ги со остар нож речиси до крај, на секои 3-4 см. Јајцето изматете го со малку сол и премачкајте ги ролатите, па наросете сусам.
6. Откако сте завршиле со целокупната подготовка уклучете ја рерната да се загрее на 220 степени и ставете ги ролатите да се печат. По 5 минути намалете ја температурата на 200 степени и печете додека не поруменат. Некаде околу 30 минути.

Пријатен апетит!

За пирето од зеленчук ја пишав комбинацијата што јас ја користев, но може да се употреби и друг зеленчук по желба, како карфиол, праз, лук...
Од истото тесто може да свиткате кифлички или некоја друга форма по желба и да ја филувате по ваш вкус (може да видите на сликите). Тестото е меко и многу вкусно и кога ќе се излади.