Пилешки дробчиња со праз
Состојки
- 500гр пилешки дроб
- 3 страка праз
- 2 моркови
- 5 листови ловор
- 200мл црно вино
- 1 лажица пченкарно брашно
- 3 чешниња лук
Подготовка
Празот се мие и се сецка на парчиња.
Морковот се мие и се ренда на покрупно.
Во тава на оган се налева зејтин и се става празот и морковот да се пржи. Кон празот се додава убаво измиениот и одцеден дроб, ловорот и целата смеса се става на потивко околу 15 минути да динста.
Одкако празот ќе омекне и дробчињата исто така се става брашното, убаво се меша и се налева виното. Тавата се покрива со капак околу 2-3 минути, а потоа се трга капакот и смесата се пржи мешајќи додека испари виното. На крај се додава сецканото лукче, сол, зачин и бибер по вкус.
Вака подготвени дробчињата се сочни и прилог не е потребен затоа што смесата од праз и морков дава одличен сос.