Комбинирано лепче со квасец и сода
Состојки
- 1кг. брашно
- 400мл. вода
- 100мл. маслиново масло
- пола квасец
- 1 мала лажичка сода
- 1 голема лажица сол
- 1 мала лажичка шеќер
Подготовка
Најпрво во топлата вода го додаваме квасецот и шеќерот да нараснат малку. Потоа во брашното правиме крaтер и ги додаваме другите состојки, на крајот смесата со квасецот и почнуваме со месење. Откако добро ќе го измесиме, го ставаме во тавката за печење и го покриваме со памучна крпа. Го оставаме тестото да одмори околу 15 минути, а потоа го ставаме да се печи 40 минути на 180 степени.
Испеченото лепче повторно го покриваме со памучна крпа, иако нема потреба зошто јас бев зачудена од неговата мекост.
За рецептот на лепчето и се заблагодарувам на една моја драга пријателка, која ја поздравувам во оваа прилика.
Добар апетит.