Торта со Нутела
Состојки
- 160гр. брашно
- 3 лажици Нутела
- 150гр. шеќер
- 3 јајца
- 200мл. млеко
- 1 пециво
- прстофат сол
- За фил
- по потреба Нутела
Подготовка
Во подлабок сад промешајте ги состојќите сите заедно по овој редослед:
јајцата со шеќерот, потоа млекото, брашното веќе промешано со пецивото, солта и на крај Нутелата.
Брашното ставајте го внимателно по малку за да не ви се направат грутчиња. Смесата префрлете ја во калап за печење и печете ја тортата на загреана фурна 30 минути на 180 степени. Кога ќе биде готова, оставете ја да се излади.
Изладената торта разделете ја на два диска и премачкајте ја со Нутела по ваша желба. Одозгора попрскајте ја со прав шеќер.
Ова торта ви ја препорачувам, особено за родендени, затоа што е едноставна и неверојатно мека, а децата обожаваат едноставни торти и кое дете на сака Нутела.
Добар апетит!