Испечати

Интегрална фокача со фета сирење

Интегрална фокача со фета сирење

Состојки

  • Тесто
  • 100 гр интегрално брашно
  • 100 гр овесни снегулки
  • 250 гр бело брашно
  • 1 лажица ленено семе или сусам
  • 1 лажица семки од сончоглед
  • 5 лажици маслиново масло
  • 1 лажиче сол
  • 1/2 лажиче шеќер
  • 20 гр свеж квасец
  • 320 мл топла вода
  • Фил
  • 150 гр фета сирење
  • 7-8 шери домати
  • по потреба оригано
  • по потреба маслиново масло

Подготовка

Во сад ставете ги интегралното и белото брашно, семките и солта.
Овесните снегулки ставете ги во блендер да се сомелат како брашно, а квасецот со шеќерот растворете го со малку вода и додајте ги во садот.
Додајте го и маслото. Додајте ја водата и мешајте со дрвена лажица да се добие многу меко тесто.
Оставете го да скине околу 1 час. Потоа ставете го во плех (39х22) намачкан со маслиново масло и израмнете го.
Посипете го со оригано, наредете го сирењето исечено на коцки и доматите исечени на кругчина. Испрскајте го со маслиново масло.
Оставете го да скисне 40 минути и печете во претходно загреана рерна на 200 степени околу 30 мин.
Печената фокача покриена со фолија и крпа оставете ја да олади и послужете ја.