Збогатено тавче гравче
Состојки
- 2 филџанчиња грав (или зависно за колку лица подготвувате)
- 2 главици кромид
- 2 чешниња лук
- 4 суви црвени пиперки
- 3 моркова
- 3-4 парчиња домашни пушени колбаси
- по вкус сол и бибер
- дополнителни зачини суво нане и мајчина душичка
Подготовка
Една проширена верзија на нашето добро познато тавче гравче. Верувам дека секој си има свој начин на подготвување, ова е еден од начините на кој јас го подготвувам па се надевам ќе ви се допадне.
1. Гравчето прво покиснете го во вода да стои неколку часа (ако сте во можност), а потоа налејте со нова вода (количество во зависност колку гравче ќе варите) и ставете да се вари. Во исто време ставете ги и сувите пиперки, кромидот исечкан покрупно и цели чешниња лукче.
2. Кога гравчето е при крај со варење, во тава на оган пропржете ги малку парчињата колбаси (исецкани покрупно), извадете ги на чинија, па во истата тава додадете ги парчињата морков малку да се издинстаат и омекнат. Сувите пиперки извадете ги, отстранете ја лушпата и со вилушка благо изгмечето го месото па вратете ги назад. Во садот додадете ги парчињата колбаси и морковите, промешајте убаво, зачинете со сол и бибер по вкус (внимавајте на соленоста на колбасите) и додадете ги и останатите зачини. По избор може да направите и мала запршка со црвен пипер, па потоа префрлете во земјена тава и ставете во загреана рерна. Печете додека не ја добиете посакуваната густина. Оставете да се излади па послужете.
Добар апетит =)