Кревки полнети ролнички
Состојки
- 600гр брашно
- 200гр кисело млеко
- 150мл вода за квасецот
- 1свеж квасец
- 5 лажици зејтин
- 1 лажица сол
- 2 лажици шеќер
- фил
- 200гр павлака
- 200гр сирење
- 1 јајце
- премаз
- 3 лажици од филот
- 1 јајце
- 5 лажици зејтин за подмачкување на плехот
Подготовка
Квасецот стасува во млака вода и заедно со останатите состојки се меси тесто. Тестото треба да е помеко и се остава да одмори околу 30 минути.
Одкако ќе одмори- ќе стаса се расукува кора која се мачка со филот и се ролува. Ролуваната кора се сече на парчиња (околу5см) .
Плехот во кој ќе се печат ролничките убаво се намастува и секоја ролничка се превртува да се омрси и се полни целиот плех.
Одозгора се прелива со неколку лажици од филот изматени со едно јајце, се оставаат малку да стасаат и ролничките се печат околу 30 минути на 200 степени.
Вака подготвени ролничките се многу меки-кревки и одлични се и утредента.
Филот може да се менува по вкус. Јас направив половинасо овој фил а другата половина со блитва.