Лозов лист во вино
Состојки
- 60-тина парчиња лозови лисја
- 4-5 лажици крупна сол, бело вино по потреба
Подготовка
Знам дека воопшто не е период кога ќе берите листови од лоза за сарми, ама јас денес припремив сармички од нив, па сакам да го оставам тука записот, можеби некој ќе посака да има и ваков покрај веќе поставените кои се припремаат со вода.
Разликата меѓу нив е во вкусот кој го попримаат од виното. Лозовите лисја обично се најдобри во пролет, уште непрскани со билки и млади кревки.
Измијте ги и оставете да се исцедат убаво. На секој лист се роси од крупната сол малку, се ставаат по 5 еден врз друг и се виткаат во ролна како за сарми. Точен број за лисјата нема тоа зависи од теглата и секако од нивната големина, убаво настегајте ги во теглата така се до врв виткајќи во ролнички по пет. Ставете две лозови прачки накрсно најгоре (да не ви летаат нагоре) и налејте до врв бело вино. Ви ветувам дека на овај начин ќе имате листови за сармички се до наредната сезона кога стасаат новите лисја, но кај нас често пред време се трошат.
Еден совет за крај, доколку виното се впие од врвот, слободно отворете ја теглата и долевајте сосема да ги покрие, се чуваат на ладно место.