Пралини со лешници и мед
Состојки
- 100гр. чоколадо со лешници
- 24 лупени лешници
- 30гр. путер
- 30гр. мед
- 3 лажици какао
Подготовка
На оган во сад на пареа го додаваме кршеното чоколадо, путерот и медот.
Откако ќе се растопат, го додаваме и какаото. По малку од смесата ставаме во силиконските калапи, па ги додаваме целите лешници и на крај ја додаваме останатата смеса.
Излегуваат 24 пралини.