Испечати

Топла салата од леќа и ориз

Топла салата од леќа и ориз

Состојки

  • 190 гр леќа
  • 150 гр ориз
  • 1 главица кромид (средно голема)
  • 3 чешниња лук
  • 1 лажица мешан сув зачин
  • 1/2 лажиче црн бибер
  • 50на мл масло
  • по потреба сол
  • вода во сооднос со оризот 1-4 (колку зафатнина ориз во една чаша, 4 пати толку вода)

Подготовка

Салатава е феноменална!
Рецепт на Елена Младеновска, девојката која ја донесе на манифестацијата Храна без месо во рамките на овогодинашниот Бит Фест, а мене ми остави најголем впечаток од сета изложена храна. Со нејзина дозвола и на мое огромно задоволство, повелете рецептот, малку прилагоден во количините на мој начин и од моја гледна точка = )
Најпрво леќата малку сварете ја. Зависно од типот, некои 10на минути, при што ќе внимавате да бидат зрната цели.
Потоа кромидот ситно насецкајте го, а лукот најситно или поминете го низ алатка. Ставете ги на масло да се пропржат, па додадете го оризот исто така и тој малку да се пропржи.
Најлете ја водата и додадете ја леќата и зачинете. Варете на среден оган додека оризот се свари и испари течноста, повремено мешајќи. На крај ако има потреба посолете. Во зависност од тоа колку се осеќа лукот, а треба да има една мала дискретна нота миризба на него, додадете мааалку лук во прав.
Салатата служете ја топла. Таква е најубава.

Во прилог го доставувам и оригиналниот рецепт-
400 гр леќа
400 гр ориз
1 мала главица кромид
2-3 чешниња лук
Мешан зачин, сол, масло
Тука се препорачува соодносот ориз-вода да е 1-2, што мене некако многу недоволно ми се виде. Тоа сепак, зависи веројатно и од типот на ориз и неговата способност за впивање, но тука е и леќата...па...