Испечати

Бајадера штангли со дехидрирано тропско овошје

Бајадера штангли со дехидрирано тропско овошје

Состојки

  • 500гр. мелени бисквити
  • 4 јајца
  • 500гр. шеќер
  • 250гр. маргарин
  • 100гр. сецкани ореви
  • 100гр. мешавина од дехидрирано тропско овошје
  • 80гр. црно чоколадо за готвење
  • Глазура
  • 150гр. црно чоколадо за готвење
  • 1 лажица масло

Подготовка

Во сад на оган ставете го шеќерот и јајцата и мешајте постојано додека шеќерот се растопи, а потоа додајте го маргаринот.
Продолжете со мешање додека се растопи и маргаринот.
Тргнете го тенџерето од оган и претурете ја содржината во подлабок сад.
Додајте ги мелените бисквити, сецканите ореви, исецканото дехидрирано овошје и чоколадото исто исечено на помали парчиња.
Мешајте со лажица додека смесата убаво се соедини.
Откако смесата убаво ке се соедини претурете ја во правоаголен плех обложен со најлонска фолија.
Со раце распоредете ја смесата и оставете во фрижидер да се стегне.
Во меѓувреме во сад на пареа ставете го чоколадото и маслото и мешајте додека чоколадото се растопи.
Со оваа глазура прелијте ја смесата и вратете во фрижидер за да се стегне глазурата.