Солен колач
Состојки
- 5 јајца
- 1 шоља (од 250мл.) зејтин
- 1 шоља јогурт
- 2 шољи бело брашно
- 1 шоља пченкарно брашно
- 1 прашак за пециво
- 200 гр. дробено сирење
- 3 лажици мешавина од семки (од тиква, сончоглед, пињоли)
Подготовка
Јајцата убаво изматете ги со миксер. Додадете го зејтинот, јогуртот и двете врсти на брашно измешани со пецивото (се мери со шоља од 250мл.). Ќе добиете доста густа и леплива смеса. Додадете го дробеното сирење и измешајте добро со шпатула за тесто. Префрлете ја смесата во подмачкано и побрашнето тавче бр.28 и убаво распоредете ја во тавчето. Одозгора, посипете со мешавина од семки.
Печете на 180° 30-40 минути во зависност од рерната. Направете проба со нож или чепкалка дали колачот е печен.
Колачот е одличен за појадок со чаша јогорт или кисело млеко.