Нафора
Состојки
- колку имате стар леб
- малку масло
- рендано сирење
- по вкус мешан зачин, оригано, буковец
Подготовка
Ова е супер мезе за гости, а воедно и можност да го искористите стариот леб.
Лебот исечкајте го на коцки околу 2х2 см. Во подлабока тава или тенџере ставете малку масло да се загрее, па додадете ги коцките леб. Мешајте постојано за сите парченца да се замастат малку и да се потпржат. Внимавајте да не ги изгорите. Потоа префрлете ги во садот за служење. Одозгора наросете мешан зачин, изрендајте сирење и ставете оригано, буковец или зачин по ваш вкус.
Ако имате поголема количина на леб ставете половина во садот за служење, ставете ги зачините и сирењето, па другата половина леб, сирење и зачини. Така ќе биде рамномерно зачинето.
Пријатен апетит!