Грозданчиња од локум
Состојки
- 250гр бел локум
- 100гр шеќер во прав
- 250гр бисквити
- 150гр мелени ореви
- 6 лажици вода
- 200гр црно чоколадо
Подготовка
Најпрво се меси локумот со шеќерот во прав. Потоа се додаваат мелените бисквити, мелените ореви и водата. Сето ова убаво се меси и се дели смесата на 10 топчиња. Секое топче се сука долго како сукалце - значи се прават 10 сукалциња долги 30см (колку е долго плехчето триаголно за визитарски колачи).
Настрана се топи чоколадата на пареа.
Начин на редење
Пред да се почне колачот се става во модлата најлонска фолија за подобро да излезе колачот.
Прво во калапчето се става стопена чоколада 3 лажици и се става 1 долго сукалце. Потоа се става пак чоколада да се покрие првото сукалце и се редат 2 сукалциња, па пак чоколада врз нив, па 3 сукалциња -чоколадата и 4 сукалциња и на крај пак чоколадата. Се лади колачот и се превртува.
Се сечи колачот на парчиња.