Сушени мини домати во маслиново масло
Состојки
- 15-20 мали домати
- 1 мала главица лук или 3-4 чешниња
- по 1 лажица ситно сецкани мајчина душичка, оригано
- 3-4 лажици маслинов зејтин + за залевање
- малку сол и крупно толчен црн пипер
- 1 лажичка шекер
Подготовка
1. Исечете ги доматите на половинка, наредете во плех обложен со алу-фолија.
2. Попрскајте ги со маслиновиот зејтин, сол, шеќер и ситно сецканите зачинки.
3. Ставете во загреана рерна на 60 степени и нека се сушат вака околу 20 мин, потоа зголемете ја температурата на 100 степени. Оставете ги 2 часа - исклучете ја рерната. Оставете ги уште 30 мин. додека рерната е уште топла.
3. Во стерилизирана тегла на дното ставете ги цели чешнињата лук, додадете од рузмаринот и мајчината душичка- потоа соберете ги доматите. Залејте со маслинов зејтин, затворете.. ставете во фрижидер.
Ви останува уште да почнете да уживате во нивниот вкус.
Напомена
Јас екпериментирав - вратив една тегла повторно во топлата рерна, добро се затвори поклопецот и така сега стои на полица, сакам да видам дали може да опстои. Досега и ништо, веќе има одприлика накај месец дена како сум ја направила, а останатите ми се во фрижидерот.
Маслиновиот зејтин заради тоа што стои на ладно - е густ, тоа не треба да ве загрижува, само што ќе извадите на собна температура, зејтинот се опушта.
- Сушев и на сонце домати кои исто така ги исеков на половина, заради тоа да не налетуваат досадните муви на нив ги посолив и непокриени со газа добро се исушија, наполнив една тегличка исто така додавајки ги зачинките и ги залив со маслинов зејтин, одлични се и така. Остатокот во платнена кеса исто така имаат сосема добри услови за да опстојат.