Испечати

Цимет ролнички

Цимет ролнички

Состојки

  • Тесто
  • 400гр. пченично интегрално брашно
  • 200мл. млеко
  • 1 коцка свеж квасец
  • 3 лажици мед + 1 лажичка мед
  • 60гр. путер омекнат
  • 1 јајце
  • прстофат сол
  • Фил
  • 2 лажици путер
  • 60гр. кафеав шеќер
  • 2 лажички цимет
  • За премачкување
  • 1 јајце
  • кафеав шеќер

Подготовка

Тесто
1. Загрејте го млекото. Издробете го квасецот во млекото, додадете 1 лажичка мед и 1 лажица брашно. Убаво промешајте и оставете квасецот да стаса.
2. Во длабок сад ставете го брашното, солта, јајцето, путерот и медот. Додадете го квасецот и замесете меко нелепливо тесто. Убаво изработете го тестото и ставете го да стасува во набрашнет сад.
3. Измесете го повторно и со сукало, на набрашнета површина, развлечете правоаголна кора дебела околу 1/2см.
Фил
4. Кората премачкајте ја со стопен путер. Шеќерот и циметот измешајте ги и распоредете врз кората. Завиткајте како ролат и сечете парчиња со дебелина од околу 2см. Ролничките ставајте ги во плех на хартија за печење. Оставете ги повторно да стасаат.
5. За тоа време уклучете ја рерната на 220° да се загрева.
6. Јајцето изматете го со жица за матење и премачкајте ги стасаните ролничките со него. Одозгора посипете ги со кафеав шеќер.
7. Печете ги 8-10 минути.
Од овие мерки излегуваат 15 ролнички. Може и да се замрзнат, па по потреба да се одмрзнува.
Послужете ги за појадок или бранч или како колач со попладневно кафе, одлични се и како ужинка или за пикник.