алва со мусли
Состојки
- 1 чаша зејтин
- 1 чаша брашно
- 1 чаша гриз
- 1 чаша мусли од лешник и суви сливи(по желба може и други)
- 3 чаши шеќер
- 4 чаши вода
- 2 лажици сусам
- 100гр бела чоколада за готвење
Подготовка
Зејтинот се става во тава и се загрева. Се става брашното и на тивко се пржи со постојано мешање додека се зацрвени. Пред крај на пржењето се додава и сусамот и се заедно се пржи уште 2-3 минути.
Во друг сад се мешаат шеќерот и водата додека се спојат-да се растопи шеќерот.
Во испрженото брашно се додава гризот, муслите и сето тоа се налева со шербетот. Се меша постојано додека смесата се згусне и малку проврие
На крај се додава и чоколадото за готвење за поубав вкус, се промешува и алвата се истура во соодветен сад или калап. Се остава да се олади и се сече по желба.
Овој рецепт е правен по принципот 1,2,3,4 само со дополнување и навистина вкусот е одличен.