Паста со јогурт и ореви
Состојки
- 350гр. паста во вид на машнички
- 1 главица кромид
- 30гр. путер
- 1 рака сецкани ореви
- 400мл. цврст јогурт
- 50гр. пармезан
- 1 лажичка сецкан магдонос
- 1 лажичка копар
- по потреба сол, црн бибер, масло
Подготовка
Во поголема количина солена зовриена вода ставете ја пастата да се вари.
Во тава на оган ставете го путерот, ситно сецканиот кромид и неколку капки масло.
Пржете додека кромидот омекне, па додајте ги сецканите ореви.
Пржете уште 1-2 минути и тргнете ја тавата од оган.
Додајте го јогуртот, пармезанот, магдоносот и копарот.
Посолете, наросете малку црн бибер и додајте ја сварената паста.
Убаво измешајте и послужете ја топла.