Апетитка со везени чушки
Состојки
- 3 кг црвени везени пиперки (лути )
- 5 кг патлиџани
- 300 гр масло
Подготовка
Ова е рецепт за еден прекрасен додаток на вашата софра.
Заради тоа што е премногу луто, јас решив да го изменам малку рецептот, па така изменет го спремам две години наназад.
Наместо да ставам 3 кг лути везени пиперки, јас ставам 1,5 кг благи везени и 1,5 кг лути везени.
Ги сецкаме пиперките и ги ставаме да се пржат на оган заедно со маслото.
Откако ќе се пропржат, се вадат од шерпата и во истата шерпа на истото масло се додаваат патлиџаните ситно сецкани.
Се пржат убаво патлиџаните и кога ќе добиеме густичка смеса од домата, назад во шерпата ги враќаме пиперките.
Промешуваме и посолуваме по вкус.
Пржиме уште 10 минути и топло го собираме во млаки теглички.
Добро ги затвараме теглите и веднаш ги редиме во сад со млака вода да зовријат и се вакумираат добро.
Откако ќе зовријат ги тргам на страна и така ги оставам во садот со вода додека не изладат.
Овака подготвената апетитка може да стои со години, но не верувам дека ќе издржи толку време, а да не се изеде....
Јас ја собирам во мали теглички затоа што го користам како додаток на ручекот оти е многу лутко.
Да не отварам голема тегла, па да стои подолго во фрижидер, малите ми се совршени за ова.
Мене ми се допаѓа, а вие пробајте, па кажете.....
На здравје