Испечати

Торта од цели јаболка

Торта од цели јаболка

Состојки

  • 7-8 средна големина кисели јаболка
  • 100 г мелен орев
  • 50 г суво грозје
  • 5 јајца
  • 5 лажици шеќер
  • 5 лажици брашно
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • малку цимет
  • 1/2 коцка маргарин
  • 2 пудинга
  • 600 мл млеко
  • 300 мл хопла
  • 1 пециво

Подготовка

Нека сезоната на јаболка започне. Оваа торта е вкусна, овошна и лесна. Сигурно ќе побарате репете ....
Сличен рецепт има поставено елиза, ама еве ја мојата верзија на оваа торта.
Јаболката ги лупите и ги длабите во средината. Во тркалезно тавче ја ставате коцката маргарин и во рерна ја топите. Потоа ги редите јаболката и ги полните со смеса од мелен орев, суво грозје и цимет. Дел од смесата ќе во остане. Ја покривате тавата со алуминиумска фолија и ги печите јаболката на 180 С околу 45 мин.

Во меѓувреме матите убаво 5 јајца со 5 лажици шеќер додавате брашното, ванилата и остатокот од смесата со ореви суво грозје и цимет и пецивото, ги ставате врз јаболката (секако ја одстранувате фолијата) и печите на 200 С.
Ја превртувате тортата наопаку на тањир за торта и откако ќе олади ја филувате со пудинг и изматена хопла.

Пудинзите ги спремате како по упатсво само наместо 1 л млеко ставате 600 мл и 6 лажици шеќер.