Везенки
Состојки
- 3кг везенки
- 1 китка магдонос
- 3 главици лук
- 750мл бел оцет
- 100мл зејтин
- 200мл вода
- 2 шољи (200мл) сол
- 3 шољи (200мл) шеќер
Подготовка
Везенките се типични за нашиве краишта и скоро секое семејство има барем по некоја тегла мегу зимницата.
Везенките се мијат и им се подсекуваат рачките.
Водата, оцетот, солта, шеќерот и зејтинот се ставаат на оган да зовријат и се намалува ринглата на потивко колку да се одржува вриењето на солилото.
Пиперките се подпечуваат на рингла од двете страни по малку колку да пуцкета кожичката и така врели се ставаат во солилото колку да фатат еден клуч. Со решетка се ваѓаат од солилото и се редат во суви и чисти тегли. Се редат 2 реда пиперки, па се поросуваат со магдонос и лук и се продолжува така додека се наполни целата тегла. При редењето се притискаат со лажица или со раце кој како може и сака.
Од како ќе се наполнат теглите се налеваат со течноста од солилото и уште топли се затвараат. Може кој сака да додаде и конзефванс, но и без него стојат преку целата зима. Ако солилото не стаса тогаш теглите се дополнуваат со оцет.
Шеќерот и солта се ставаат по вкус. Јас на оваа количина ставив 2 филџани сол и 3 шеќер.