Роловано пилешко со фил
Состојки
- 1/2 кг пилешки стек
- 100 гр кашкавал
- 3 јајца
- 300 гр сланина
- 70 гр чаен колбас
- малку магдонос
- 2 лажички сенф
- малку сол и црн бибер по вкус
Подготовка
Убаво измијте ги и исцедете ги парчињата стек и засечете на половина во дебелина, така што ќе добиете 4 парчиња со иста димензија само потенки. Секако, ако сакате ролните да ви се поголеми (како на пример за пречек како предјадење за гости, па сакате да ги исечите на парчиња и така да ги сервирате) тогаш не ги засекувајте стековите воопшто, ами такви и поголеми убаво исчукајте ги и направете си поголем ролат. Нам ни беа за ручек и секој си доби по едно парче во чинија =)
Најпрво јајцата со малку сол испржете ги малку . При тоа, цело време мешајте за убаво да се измешаат жолчките од белките.
Чајната колбасица и кашкавалот засебно исечете ги на поситни коцки. Стино исецкајте го и магдоносот.
Со помош на чук/чеканче за месо, убаво истенчете/исчукајте ги парчињата стек. Секое парче посолете го и премачкајте го со половина лажиче сенф (по желба и повеќе), врз него во линија скоро на средина на стекот распоредете од пржените јајца, а врз нив ставете од чајната колбасица и кашкавалот на коцки. Над сето тоа распоредете од магдоносот.
Почнете со ролање на месото, при што дел од страниците ке свиткате на внатре за да не истекува филот. Ролованото месо со фил одозгора измотајте го со тенки парчиња сланина.
Ставете го во огноотпорен сад со капак кој сте го премачкале со малку масло, попрскајте ги и нив одозгора со маслото и печете во рерна додека убаво не порумени слојот од сланината. Освен во рерна, можи исто така и на рингла да ги испржите без поклопување со капак.
Јас ги правев во Фестиво-то.
Ах, ќе изумев... па вие, можите слободно и по некое печурче да си насецкате во филот хехе...