Испечати

Турски симит

Турски симит

Состојки

  • 550 гр. брашно
  • 1 лажица шеќер
  • 1/2 лажичка сол
  • 2 лажици зејтин
  • 1 свеж квасец
  • 250-300 мл. млака вода
  • Премаз
  • 100 мл. гроздов сируп (маџун)
  • 200 мл. вода
  • 1 лажица брашно
  • За посипување
  • 150 гр. сусам

Подготовка

Овие симити познати се на многумина од вас, во Турција ги продаваат на секој агол. Ова е рецептот кој јас го имам за овие симити.
Подготовка
1. Во еден длабок сад ставете го брашното и направете вдлабнатина во него. Во неа издробете го квасецот, додадете го шеќерот и млаката вода. Измешајте колку да се стопи квасецот. Не мора да чекате да стаса.
2. Додадете ја солта и зејтинот и замесете меко тесто кое не се лепи за рацете. Убаво изработете го тестото (месете околу 10 мин.). Ставете го во набрашнет сад и оставете да стаса убаво.
3. За тоа време, испржете го сусамот во едно тавче „на суво“. Не додавајте зејтин, путер или сл.
4. Подгответе го и премазот со тоа што во еден подлабок и широк сад ќе го ставите маџунот, водата и брашното и убаво ќе промешате.
5. Откако стасало, измесете го повторно и поделете го на шест дела од кои ќе направите топчиња. Јас го мерев тестото на вага и секое топче тежеше некои 150-160 гр.
6. Земете едно топче и во средина со плаците направете дупка. Со помош на плаците оформете го симитот, но притоа немојте да тегнете туку само внимателно „гмечете“ го тестото.
7. Секој симит најпрво потопете го на кратко во премазот од маџун и потоа „извалкајте“ го во сусамот.
8. Ставети ги во плех на хартија за печење и печете ги на 200° 25-30 минути.
Тестото е со неутрален вкус, какво и треба да биде. Кој сака посолено, тогаш солта во тестото зголемете ја на 1 до 1 1/2 лажичка.
Симитите непечени, можете и да ги замрзнете и по потреба да вадите и да печете и така да имате топли симити за појадок. Доколку ги печете замрзнати, тогаш времето на печење се продолжува за 5 минути. Инаку, замрзнатите симити имаат 6 месеци рок на траење.
Добар апетит!