Рум пунч
Состојки
- 3,5 кг. црни сливи чистени
- 1,5 кг. шеќер
- 200гр. рум(б.дел)
- 1кесичка лимонтус
- 1лајче цимет
Подготовка
На барање на Надица јас се одлучив да го ставам овај рецепт иако немам баш фотографија која ќе го долови онака како треба (тоа сигурно ќе беше успешно кај Лилин). Меѓу ретките рецепти кои сум ги правела, без да ги видам или пробам претходно и верувајте многу е убаво.
Најпрво како совет или препорака дека румот мора да е од Б. дел се надевам знаете за кој ви зборувам оти ништо не сте направиле ако не е така. Во голем сад (користев онај за ајвар) се ставаат сечени сливите на тркалца или 1/4 ки.(мора да не се многу зрели за да не се распаднат). Ставете им го шеќерот и лимонтусот, нека отстојат 12 саати преку ноќ јас ги оставам обично. Се ставаат на оган, се варат 20-30 мин цело време се отпенуваат, се трга настрана садот, се додава лајче цимет (канела) и 200гр. рум веднаш се бери топло во топли тегли. Прекријте го добро додека и така постепено ќе се лади до наредниот ден. Се служи како слатко.