Испечати

Фурнаринки

Фурнаринки

Состојки

  • Тесто
  • 500гр. брашно
  • 250мл. вода
  • 1 пакетче сув квасец (7гр.)
  • 1 лажичка шеќер
  • 2 лажички сол
  • 4-5 лажици маслинов зејтин
  • Додатоци
  • 100гр. рендана шунка
  • 200гр. рендан кашкавал
  • 1 чешне лук
  • 2 лажици зејтин
  • по вкус сусам, ким, оригано
  • 100мл. доматен сос

Подготовка

Супер закуска за домашни собиранки .. дополнете со топено сирење и пиво и имате одлична забава =)
1. Квасецот ставете го во сад со 250мл. вода и лажичка шеќер, промешајте малку и оставете да надојде (треба да има пена од горе, околу 10тина минути).
2. Во поголем сад ставете го брашното, направете мало бунарче на средина, ставете ја солта, маслиновото масло и надојдениот квасец. Со вилушка постепено мешајте и зимајте брашно од страните. Потоа домесете на работната површина со раце. Треба да добиете потврдо нелепливо тесто (по потреба може да се додаде уште малку вода или брашно). Ставете го тестото во набрашнет сад, покријте со крпа и оставете да стасува (отприлика 1 час).
3. Набрашнете ја малку работната маса и префрлете го тестото. Премесете малку, а потоа разделете го на 8 топчиња (од навдената количина ми излегоа 8 топчиња, ќе си прилагодите во зависнот дали сакате поголеми или помали лепчиња). Попрскајте ги топчињата со малку брашно, покријте ги со крпа и оставете ги уште 10тина минути.
4. Со рака развлекувајте ги полека топчињата додека не ја добиете посакуваната големина, но внимавајте да не бидат премногу тенки па ставете ги на набрашнет плех. Со остро ноже направете засеци во коричките (на сликите подолу) па ставете од дополнителните состојки или само сусам и ставете да се печат во загреана рерна.
5. За премазот со лукче, лукчето истолчете го убаво со малку сол и додадете го зејтинот. Со четка премачкувајте ги фурнаринките па од горе ставете кашкавал, некој зачин или било што друго пи вкус. Кога ќе бидат готови, многу лесно се раздвојуваат затоа што веќе се засечени.
Послужете со чашка пиво и навивајте за нашите кошаркари =)
Добар апетит.