Испечати

Бомба ручек

Бомба ручек

Состојки

  • 300гр. свежи шампињони
  • 3 парчиња батак со карабатак
  • 300гр. кашкавал
  • 3 големи компири
  • 1 парче праз
  • 1 пилешка коцка за супа
  • 600гр. вода
  • 50мл. масло, сув зачин

Подготовка

Она ,,бомба,, во самиот наслов се мисли на калорична храна, но штом сте отвориле тука нема броење калории, нека биде предлог за некоја посебна пригода.

Пилешкте копани се ставаат да се варат во вода, заедно со коцката за супа. Во меѓувреме настрана празот се мие и сечка на коцки, шампињоните исто така. Во сад со масло ставете да се испржи празот, потоа додадете ги шампињоните и тие да пропржат малку. Варено пилешкото се кини на парчиња, сега и тоа се додава во садот малку да се испржи заедно да се изедначи смесата.
Тавата се остава настрана. Во садот каде го варевме месото се ставаат компири (лупени, сечкани на тркалца-како за мусака), ако има малку вода ќе додаваме според потребите.
Треба да се варат до состојба кога ќе бидат полуварени, па со лажица -решетка се цедат.

Во огноотпорен сад премачкан со масло се редат парчињата компири, над нив се става целата смеса од праз-печурки-пилешко, се додава 100-тина гр.вода зачинета со лажица сув зачин и се става во рерна нека се печи некои 15-20 мин. Потоа се вади од рерна се прекрива одозгора со парчиња кашкавал, се враќа назат да се потпечи колку да се истопи. Послужете со прилог од компир или ориз, може и аранчини кои јас ги одбрав овајпат. Заедно да се уедначи смесата