Шампињони во тесто
Состојки
- 3 јајца
- 200мл. јогурт
- 120гр. масло
- 1/2 лајца сув зачин
- 1 кесичка печиво
- 10 лажици бело брашно
- 6 лажици пченкарно брашно
- 250гр. свежи шампињони
- 20гр. путер,малку шеќер
- 2-3 лажици палента
Подготовка
Најпрво за овај декоративен предлог се мијат шампињоните се потсекуваат на половина. Две правоаголни модли се премачкуваат путер и се посипуваат со палента. Се редат шампињоните една до друга надолжно и се прекриваат со солена смеса.
За солениот дел од тесто се бијат јајцата, се додава малку шеќер, на врв на лајче, се додаваат сите останати состојки, па се прекриваат шампињоните одозгора и се печи во загреана рерна на 180 да зарумени.
Само уште збор-два за калапите со средна должина се чија димензија до денес не сум ја измерила, така количината на печурки не е фиксна т.е. зависно од садот во кој ќе се печи, искалкулирајте сами.