Испечати

Слатко од домати

Слатко од домати

Состојки

  • 1 кг мали домати во облик на крушка
  • 1 кг шеќер
  • 1 лимон
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер
  • 1 чаша вода

Подготовка

За подготовка на ова слатко ви требаат мали плодови на крушковиден домат. Најдобро е плодовите да бидат полузрели и со приближно иста големина. Моите, за жал, не беа такви. Беа позрели од што требаше да бидат, па добив сосема поинаков краен производ. Мислам дека подобар од тоа што требаше да биде „“)

Подготовка
1. Доматите измијте ги и добро исушете ги на хартија.
2. Шеќерот ставете го во поголемо тенџере, ставете ја водата и сварете сируп кој ќе биде погуст од тој што го спремате вообичаено. Потоа додадете ги доматите. Варете го додека две капки од шербетот ќе капнат една по друга.
3. Додадете ја ванилата и лимонот исечен на тенки кругови и варете уште 2-3 минути. Тргнете го од огнот, распенете го и покријте го со мокра крпа.
4. Утредента соберете го слаткото во тегла.

Ова е идеалната ситуација. Кажав дека доматите што јас ги имав беа позрели од тоа што требаше, па се случи нешто што не го очекував. Кога ги ставив во сирупот, по 5 минути варење лушпата на доматите почна да пука. Потоа со помош на лажица и лажичка внимателно ги одвоив лушпите од доматите, па добив слатко од лупени домати.
Слаткото има многу интересен вкус. Ќе видите на сликите дека доматите беа со различна боја, а од тоа зависи и нивниот вкус. На жолтите многу малку се чувствува вкусот на домати, а на црвените најмногу.