Црно-бели чајни колачиња
Состојки
- 150гр. растопен путер
- 70 гр. шеќер во прав
- 200гр. брашно
- 1 лажичка пециво
- 20гр. какао
- 1 белка од јајце
- 1 лажичка каранфилче во прав
- прстофат сол
Подготовка
Во подлабок сад ставете го растопениот путер и шеќерот во прав.
Измешајте убаво со жица за матење, па додајте ги брашното измешано со пецивото, прстофат сол и белката.
Убаво со раце замесете ја смесата.
Поделете го тестото на два еднакви дела. Во едниот дел додајте го какаото и меленото каранфилче.
Убаво умесете и оставете ги тестата да отстојат во фрижидер 30 минути.
Откако тестата ќе отстојат поделете ги секое тесто на 6 помали топчиња.
Секое топче со рака внимателно развлечете го во должина во вид на грисини.
Редете ги на тој начин што првин ке ставете едно стапче од белото тесто, до него залепено црно и пак бело.
Потоа врз нив ставете едно црно до него бело и пак црно.
Повторете го редењето на ист начин нагоре со останатите 6 стапчиња од тесто.
Премачкајте го вака нареденото тесто од сите страни со белка и оставете во фрижидер да се стегне убаво.
Откако ќе се стегне тестото сечете го во вид на бисквити (со дебелина по желба).
Наредете ги колачињата во плех обложен со хартија и печете на 180 степени 15 минути.
Послужете ги со кафе, чај или салеп.