Слатко од праски
Состојки
- 2 кг праски
- 1,2 кг шеќер
- 200 мл вода
- 1/2 лимон само сок
Подготовка
Изберете зрели но цврсти праски, сорта на која се дели коската.
Во поголемо тенџере ставете ги шеќерот и водата, па оставете да се вари на среден оган, повремено промешувајки додека целиот шеќер не се растопи и не добиете густ сируп.
Праските излупете ги и исечете ги на кришки, 6 или 8 зависно од големината.
Спуштајте ги парчината овошје во зовриениот сируп. Откако содржината во тенџерето повторно ќе зоврие, варете на среден оган 15 мин, повремено распенувајки. Покријте го тенџерето со водена крпа и оставете го до утредента.
Повторете ја истата постапка уште два пати... Значи, оставате да зоврие, варите 15 мин., па го оставате да стои до другиот ден.
При последното, трето варење додајте го сокот од лимон, проверете ја густината на сирупот и оставете го слаткото сосем да се олади, покриено со водена крпа, најдобро до другиот ден.
Соберете во тегли и чувајте со останатата зимница.
Заради напишаниот начин на варење парчината праски не се распагаат, а стоењето во сирупот преку ноќ дополнително “ги желира“.
Ете, мој допринос за годинешнава сезона на зимница....
Од наведените состојки, мене ми испаднаа 2 големи тегли слатко.